5.500 пензионери догодина на бесплатна бања

01.09.2015 17:00

Премиерот Груевски најави продолжување на овој проект наменет за највозрасната популација, за кој анализите покажуваат дека е многу добро прифатен...

5.500 пензионери следната година ќе одат на бесплатна бања, а 3.000 ќе користат викенд на државен трошок. Премиерот Груевски најави продолжување на овој проект наменет за највозрасната популација, за кој анализите покажуваат дека е многу добро прифатен.

Оваа година се планирани дополнителни 900 туристички викенди и 2.400 бесплатни сместувања низ македонските бањи. Проектот започна во 2010 година и досега околу 32.000 пензионери ја искористија можноста за бесплатна бања.