Нови 1,1 милион евра инвестиција во опрема во здравството

01.09.2015 17:08

Ќе биде набавена и нова медицинска опрема на неонатологија на интензивната нега на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје и на Универзитетската клиника за гинекологија...

Покрај најавените инфраструктурни инцвестиции во здравството, ќе биде набавена и нова медицинска опрема на неонатологија на интензивната нега на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје и на Универзитетската клиника за гинекологија. Опремата чини 50 милиони денари. Процедурата е во тек. Со неа ќе се намали смртноста на доенчињата.

Континуирано вложуваме во здравството. Имавме еден проект за вложување на 100 милиони евра во набавка на опрема и тој проект во најголем дел е реализиран. Сега започнавме нова набавка на опрема за неонатална интензивна нега за Универзитетската Клиника за детски болести и на Клиниката за гинекологија од 50 милиони денари, за што процедурата е во тек, и ќе биде исклучително важно за намалување на смртноста кај доенчињата. Имаме посебен проект во Владата заедно со Министерството за здравство и мојот советник за здравство работиме на сите потребни работи за да се намали смртноста на доенчињата, истакна денеска премиерот Груевски.

Тој најави дека е започната и процедурата за набавка на компјутерска томографија во поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром во вредност од 20 милиони денари што треба да биде завршена и инсталирана до крајот на октомври.