Изградба на нови училишта
На почетокот на новата учебна година, во Бутел е отворено училиште. Има капацитет за 800 ученици. Во Кисела Вода беше поставен камен-темеленик за изградба на нова училишна зграда. Треба да биде готова за 16 месеци...

На стартот на учебната година отворени се вратите на новото основно училиште „Живко Брајковски“ во општината Бутел. Има 25 училници, нови кабинети, опрема и библиотека. Од 2006-та досега за изградба и реконструкција на училишта од буџетската каса се искористени 50 милиони евра. Изградени се 70 нови и темелно реконструирани над 350 училишта.
„Во изминатиот период се градеше новата историја на чилиштето „Живко Беајковски“. Во исрторијата заминаа старите бараки, а училиштето доби нов објект со комплетно нови услови како за учениците така и за наставниот кадар“, изјави премиерот Никола Груевски.
При изградбата на ова училиште, општината ги применила сите европски стандарди.
„При изградбата на училиштето запазени се сите урбанистички, архитектонски, механиччки, сеизмички, еколошки и енергетски стандарди“, рече Петре Латиновски, градоначалник на општина Бутел.
800 дечиња од општина Бутел ќе имаат исклучително добри услови и немаат причина да не учат- вели вицепремиерот Зоран Ставрески, кој за ова училиште го врзуваат добри спомени.
„Овде во оваучилиште го почнав прво одделение. Минаа многу генерации и се школуваа голем број ученици. Во целиот период, во сите овие децении, независно што условите не беа којзнае какви продолжи да произведува квалитена настава и да ги образува децата што живеат во општина Бутел“, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
Во општината Кисела Вода пак до дотраениот објект на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ почна изградбта на ново училишна зграда. На два ката со капацитет од 600 деца во две смени. Инвестицијата е 75 милиони денари. Планирано е да се заврши за 16 месеци.
„Кисела Вода е најстарата општина и за неа реализацијата на ваквите крупни проекти се од огромнио значење, ако се земе впредвид одтраената инфраструктура и скромните средства кои опшртината ги има на располагање“, рече Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалник на општина Кисела Вода.
„Инвестирањето во образованието и понатаму останува приоритет на Владата на Република Македонија и има за цел да се создадат подобри инфраструктурни услови за зголемување на квалитетот за следење на воспитно образовниот процес“, нагласи Абдулаќим Адеми – министер за образование и наука.
Додека траат градежните активности, нема да има застој во наставниот процес. Наставата редовно ќе се одржува во двата дела од старите објекти.
Наташа Гркова- Петрушевска
