Прва инвестиција во тетовската индустриска зона

16.01.2014 16:48

Италијанската компанија „Итек“ која произведува композитни материјали се очекува наскоро да започне со изградба на нов објект во индустриската зона во Тетово, информираа од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

„Ова е прва инвестиција во тетовската технолошко индустриска развојна зона. Ќе чини 5 милиони евра и се очекува на почетокот да бидат отворени 150 нови работни места“.

Покрај за директните странски инвестиции, поголема поддршка за инвестициите од македонската дијаспора беше побарана од иницијативата „Дијаспора инвест“.

Од стопанската комора на северозападна Македонија велат дека повеќето бизниси во регионот се од исселениците, со кои се раздвижува локалната економија.

„Тие власта треба да ја чуствуваат како кооперативен партнер, нешто што сега не е актуелно. Затоа сметам дека заедно со Владата, заедно со локалната самоуправа, со една конкретна стратегија ќе можеме да ги придобиеме овие важни инвестиции“, изјави Мендерес Кучи – Претседател на Стопанска комора на северозападна Македонија.

Според министерот за економија Сарачини, Владата создава поволна бизнис клима за сите заинтересирани да инвестираат во земјава.

„Најважно е што Република Македонија го има најдобриот даночен пакет не само во југоисточна Европа, туку и генерално во Европа, за што имаме признание од повеќе релевантни меѓународни финансиски институции“, вели Ваљон Сарачини – Министер за економија.

Од министерството за економија велат дека ќе продолжат со поддршка на сите релевантни институции кои работат на привлекувањето странски инвестиции, со цел отворање нови работни места и економски развој.

Автор: Зоран Јованоски

Снимател: Даниел Евросимоски