Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Штип
02.09.2015 09:46
Презентацијата за поволностите на проектот ќе се одржи во општинската зграда во 17:30 часот...

Караванот „Купи куќа, купи стан“ што го организира Министерството за финансии денеска ќе биде во Штип. Презентацијата за поволностите на проектот ќе се одржи во општинската зграда во 17:30 часот.
На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Штип кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.
Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, меѓу кои Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово.
