Изгаснат пожарот кој пустошеше над Велес

02.09.2015 10:48

Се проценуваат штетите и се истражува како дошло до пожарот. Се претпоставува дека причината е човечки фактор...

Ноќеска околу еден часот по полноќ изгаснат е пожарот што вчера попладне пустошеше над Велес. И натаму теренот го надлетуваат противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување заради превенција.

Екипите се на терен за да се спречи повторно активирање, бидејќи станува збор за густа шума. Од Центарот за управување со кризи информираа дека изгорела сува трева, трње и борчиња на површина од околу 100 хектари. Во гаснењето беа активирани „Ер-тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Се проценуваат штетите и се истражува како дошло до пожарот. Иако се уште нема официјална потврда, се претпоставува дека причината е човечки фактор.