Судот ги отфрли снмките од прислушувањето како незаконити

02.09.2015 10:57

Аудиозаписите и транскриптите се затвораат и се чуваат кај судија на претходна постапка, одвоени од другите списи при што не можат да се користат во постапка...

Скопскиот Кривичен суд го прифати барањето на одбраната на владините функционери, од предметот за случајот „Прислушување“ што беше оформен по кривичната пријава од СДСМ, да се издвојат снимките од телефонски разговори и траснкриптите, затоа што биле незаконски прибавени докази, соопштија од Судот.

Во него се вели дека аудиозаписите и транскриптите се затвораат и се чуваат кај судија на претходна постапка, одвоени од другите списи при што не можат да се користат во постапка, бидејќи согласно со Законот за следење на комуникации и неговите измени, во зависност од периодот од кога се пријавуваат осомничените, посебните истражни мерки за следење на комуникации се издаваат по барање за донесување наредба до надлежен судија, кое се поднесува од Јавен обвинител по сопствена иницијатива или друг овластен орган, и наредбата се издава со ограничен рок на траење.