„Виенската иницијатива“ ја зголемува координацијата со земјите- кандидати за ЕУ

16.01.2014 17:00

Промовирање на европската Банкарска унија, со специјален фокус на земјите кои не се членки на Европската унија (ЕУ) од Југоисточниот регион на Европа, како и воспоставување координација на банкарските системи помеѓу истите е еден од главните приоритети на „Виенската иницијатива“ за оваа година.

Ова го одлучи раководното тело на „Виенската иницијатива“ на првиот состанок за годинава, со кој раководеше „Рајфајзен Банк Интернационал“.

На состанокот беше заклучено дека банките во Југоисточна Европа се од системска важност во земјите од овој регион, а бидејќи повеќето земји се веќе на пат кој ЕУ, во овој момент критично е да се воспостави координативна рамка помеѓу европските тела за банкарска супервизија и  земјите од регионот.

Во исто време, „Виенската иницијатива“ ги советува земјите кандидати за влез во ЕУ да обрнат повеќе внимание на процесите за воспоставување на Банкарската Унија, вклучувајќи го и единствениот механизам за супервизија на ЕУ, како и банкарските резолуции, со цел да го забрзаат својот пат кон европската заедница.

„Виенската иницијатива“ е европско банкарско координативно тело кое континуирано ја набљудува и чува финансиската стабилност во Европа.