Седница на Националниот совет за евроинтеграции

02.09.2015 11:07

На дневниот ред јавна расправа по предлог- законот за безбедност во сообраќајот...

Во Законодавниот дом седница на Советот за евроинтеграции. На дневниот ред јавна расправа по предлог- законот за безбедност во сообраќајот. Освен од пратениците, се очекуваат и експертските мислења како до поквалитетни решенија од областа на безбедноста на патиштата. Инаку, според собранискиот деловник, со Советот треба да претседава пратеник од СДСМ, место што досега не беше пополнето поради бојкотот на партијата.

На вчерашната координација кај спикерот Вељаноски, СДСМ ги достави имињата за членови во собраниските комисии и другите собраниски тела. Сега се чека Комисијата за избори и именувања да закаже седница за да може пратениците од опозицијата да ги заземат своите места во комисиите.