Осум загинати во пожар во Париз
02.09.2015 11:20
Пожарот избувна околу 4 часот и 30 минути. Локалните жители сведочат дека сликата била страотна, повеќе лица за да се спасат скокнале низ прозорците...

Најмалку осум луѓе загинаа во пожар во станбена зграда во Париз. Меѓу загинатите има и деца. Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казенев е на местото на несреќата, каде се наоѓаат и голем број спасувачки и противпожарни екипи.
Пожарот избувна околу 4 часот и 30 минути. Локалните жители сведочат дека сликата била страотна, повеќе лица за да се спасат скокнале низ прозорците.
Според неофицијални информации, пожарот е подметнат.
