Уапсен унгарскиот опозиционер кој ја пресече бодликавата жица поставена на унгарско-српската граница
02.09.2015 12:01
Според него, поставувањето на оградата е бесмислено и нема да придонесе да се намали бројот на бегалци кои доаѓаат во Унгарија...

Унгарската полиција го уапси опозиционерот, член на Демократската коалиција кој ја пресече бодликавата жица поставена на унгарско-српската граница.
Според него, поставувањето на оградата е бесмислено и нема да придонесе да се намали бројот на бегалци кои доаѓаат во Унгарија.
Во меѓувреме стотина патници кои патувале на релација Лондон –Париз неколку часа се заробени во брзиот воз Еуростат по дојавата дека мигрантите ја блокирале пругата.
