Грант за самовработување на лица со инвалидност
Издвоени се 59 милиони денари. Надлежните нудат можност да се основа сопствен бизнис, а помагаат и во изготвувањето на бизнис идејата...

Во тек е владиниот проект-грант за самовработување на лица со инвалидитет. Издвоени се 59 милиони денари. Надлежните нудат можност да се основа сопствен бизнис, а помагаат и во изготвувањето на бизнис идејата. Со 5.000 евра грант неповратни средства се помага во набавката на опрема и на репроматерјали. Дополнително за секое ново вработување до две отворени работни места може да се добие по 92.000 денари, односно по 1.500 евра.
„Со овој проект им помагаме на лицата со инвалидност да ја реализираат својата замисла, им помагаме да основаат сопствен бизнис. И во иднина ќе продолжиме со низа активности за поддршка на овие лица бидејќи нашата заложба е континуирано да реализираме нови проекти, да ги надградуваме постоечките со кои ќе решаваме дел од прашањата кои ги интересираат и се битни за овие граѓани“, рече министерот за труд и соцјална политика, Диме Спасов.
Целосниот износ којшто може да го реализира едно лице со инвалидност доколку отвори сопствен бизнис и доколку вработи две лица би изнесувал до околу 500.000 денари.
