Убиство во Митровица

16.01.2014 17:11

Северна Митровица

Димитрие Јанаќиевиќ, советник од Северна Митровица изутрината е убиен од автоматско оружје пред неговиот дом. Мотивот и сторителите  за нападот на  35-годишниот политичар се уште не се познати. Полицијата го истражува случајот. На последните избори тој беше кандидат за градоначалник на самостојната либерална партија. Претседателката на Косово Јахјага убиството го оцени како кукавички чин и рече дека со тоа се врши обид за дестабилизација на земјата.

Грција

Во Грција се регистрирани пет смртни случаи како последица на заболување од сезонски грип. Починале две жени и тројца мажи,  ниту еден од нив не бил вакциниран, а боледувале од различни болести. Здравствените работници соопштија дека во земјата има регистрирано уште 14 сериозни случаи кои се хоспитализирани и  предупредуваат од ширење на епидемијатa

Египет

Египќаните на дводневниот референдум масовно се изјаснија позитивно за новиот Устав. Според првичните резултати, излезноста на референдумот била 55 насто, а за него позитивно се изјасниле над 95 насто од гласачите. „Добивме Устав што е соодветен на 21. Век“ изјави Амр Муса, шеф на Комитетот за Устав.Муслиманското братство повика на бојкот на референдумот.  Новиот Устав, кој е полиберален, треба да го замени оној што го донесе власта на Морси во 2012 година.

Токио

Над 900 деца во 14 основни училишта се затруени со храна што ја консумирале во  приморскиот град Хамамацу на 200 километри јужно од Токио. Сите имале исти симптоми дијареја и повраќање. Повеќето од училиштата се затворени, а локалните здравствени власти соопштија дека се уште ги истражуваат причините.

Манаду

Најмалку 13 луѓе загинаа, а 40 илјади ги напуштиле домовите поради поплавите и свлечиштата предизвикани од силниот дожд што го зафати индонезискиот остров Сулавези. Жителите на Манаду, во вода до појас, со гумени чамци се евакуираат од градот поплавен од излеаните реки.

Марија Петковска