Станбениот квадрат поевтин за 0,7%

02.09.2015 13:16

Државната статистика пресметала дека просечната продажна цена за договорени објекти што ги изведуваат домашните градежни компании изнесувала 756 евра за квадратен метар. Станува збор за просек на ниво на целата земја...

Лани цената на изградените станови во земјава се намалила за 0,7 насто во однос на претходната година. Државната статистика пресметала дека просечната продажна цена за договорени објекти што ги изведуваат домашните градежни компании изнесувала 756 евра за квадратен метар. Станува збор за просек на ниво на целата земја, додека цените во метрополата се повисоки. Во последниве 5 години просечната продажна цена на становите опаднала за  11 проценти.

Истовремено намалена е понудата на завршени станови. Во 2014 –та биле комплетирани 5 илјади 356 станови, односно за 18 проценти помалку во однос на претходната година. Најатрактивен за инвеститорите и натаму е скопскиот регион, а  се граделе најмногу двособни и трособни станови,  во колективните станбени објекти.