Копродукциски проект меѓу Македонија и Полска

02.09.2015 14:42

Претставата ќе биде изведена и во Македонија и во Полска на двата јазици со актери од двете земји. Темата актуелна- вистински сведоштва за егзодусот на македонските деца во полскиот град Легнице...

Наскоро копродукциски проект меѓу полскиот театар „Хелена Мождевска“ од Легнице и Македонскиот народен театар. Претставата ќе биде изведена и во Македонија и во Полска на двата јазици со актери од двете земји.

Темата актуелна- вистински сведоштва за егзодусот на македонските деца во полскиот град Легнице.

Во претствата ќе играат 15-тина актери од Македонија и исто толку од Полска. Ова е многу значајна претстава за егзодусот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Претствата се планира да биде завршена следната година, а ќе имаме можност да ја понудиме во рамки на манифестацијата „Вроцлав-европска престолнина на културата за 2016 година“, покрај другите проекти што ќе бидат предложени од Македонија, рече Канческа-Милевска.

Министерката очекува проектот да има голем успех.