Изградба и реконструкција на пешачки патеки во Гази Баба

02.09.2015 15:04

а таа намена од општинската каса се издвоени 4,5 милиони денари, а другите средства се од Aгенцијата за поддршка на руралниот развој...

Во општина Гази Баба стартуваше изградбата и реконструкцијата на пешачки патеки и тротоари. Според планираното ќе бидат опфатени 7 илјади квадратни метри. За таа намена од општинската каса се издвоени 4,5 милиони денари, а другите средства се од Aгенцијата за поддршка на руралниот развој.

Ќе се гради тротоар по улицата „Лазар Поп Трајков“ на потегот меѓу улиците „Габреш“ и „Бапчор“ во Автокоманда, тротоар пред влезот на ОУ „25 Мај“ во Ченто, сервисна улица – крак на улицата „Сречко Пужалка“ во Ченто, тротоар на улицата „Сречко Пужалка“ во Ченто и тротоар на улицата „Палмиро Тољати“ во Ченто.

Во општина Гази Баба, меѓудругите ќе се гради нова пешачка патека кај зградите до паркот „Борис Трајковски“ во Ченто, ќе се санира пешачка патека во паркот „Борис Трајковски“ во Ченто, тротоар на улицата „Перо Наков“ кај Кванташки во УЗ „Кирил Петрушевски“, тротоар по улицата кај ЖАС во Керамидница,  изградба на сквер во Хиподром.