Доделени ваучери за повеќедетни семејства во Неготино
170 семејства од Неготино добија вредносни ваучери за нивните принови во текот на изминатата година. Тоа ќе ја наметне потребата од изградба на нови детски градинки. За стимулирање на наталитетот општината доделува помош за повозрасни младоженци...

За две години наталитетот во општина Неготино е зголемен за скоро 19 проценти. Централните и локалните мерки за многудетни семејства ги даваат очекуваните резултати. На 170 семејства кои во период 2014- 2015 имаат принова денеска градоначалникот им додели ваучери во вредност од по седум илјади денари.
За да продолжи трендот на зголемен наталитет, градоначалникот Ванчо Апостолов вели дека неопходно е формирање на што повеќе семејства. Тој за многу скоро очекува Општината да ги исплати првите 500 евра на младоженец кој има повеќе од 40 години.
Зголемениот наталитет е причина во Општината да се чуствува потребата од зголемување на капацитетот на Детската градинака.
Апостолов најавува реконструкција на градинката и оспособување на три нови простории во кој ќе се згрижат дел од 386 деца родени во последните две години.
Дијана Иванова