Познат идентитетот на второто момче од трагедијата во Количани

02.09.2015 15:19

Безживотните тела на 28 годишниот кичевчанец и на 17 годишникот од Студеничани беа пронајдени од случаен минувач. Покрај нив имало пиштол...

Идентификувано е и второто момче кое со прострелни рани беше пронајдено во автомобил во атарот на село Количани. Станува збор за 17 годишен жител на Студеничани, кој од саботата се водел како исчезнат.

Безживотните тела на 28 годишниот кичевчанец и на 17 годишникот од Студеничани беа пронајдени од случаен минувач. Покрај нив имало пиштол, и се смета дека станува збор за убиство и за самоубиство.

Телата се на обдукција, а истрагата ги утврдува мотивите за трагедијата.