Политичарите да изградат консензус за клучните прашања
Немањето внатрешен консензус е фундаменталниот недостаток на македонската надворешна политика сите овие години. Ваков е генералниот заклучок на учесниците на панел дискусијата за односите со соседите и прашањето за името. Според нив, за крупните прашања кои ја засегаат земјава, мора да решаваат политичарите заеднички, но да се прашаат и граѓаните. Сепак, сметаат дека мора разумно да се повлекуваат чекори кога во прашање е решавањето на името.

„ Не можете ако имате мнозинство да мислите дека сте единствено повикан да имате ексклузивно политичко право да мислите само за Македонија во овие прашања каде што и да поставите решение нема да трае, ќе се смени власта и ќе се измени тоа, “ вели универзитетскиот професор Стево Пендаровски.
„ Правењето на отстапка во однос на уставното име на Република Македонија , за сметка на отпочнување на преговорите со ЕУ, ќе значи само отворање на врата за поставување на барања за дополнителни отстапки, “ смета пратеникот Антонио Милошоски.
Министерот за надворешни работи Попоски вели дека никој повеќе од него не сака да се реши долгогодишниот спор, но оти Грција повеќе енергија и време троши да најде начин како да го одбегне решението отколку како да го реши.
„ Ако имате партнер со кој сакате да се договорите за нешто, кој веќе не ги почитува претходно преземените обврски, многу потешко е да воспоставите ниво на доверба кое би ви гарантирало дека на долг рок ќе имате стабилни билатерални односи, “ истакна Попоски.
Да се продолжи со сериозна дебата и да се слушнат сите страни. Македонија не смее да се претвори во толпа која воопшто не размислува, смета универзитетскиот професор Ризван Сулејмани.
„ Да дојдеш во ситуација 78% да бидат ЗА или ПРОТИВ, тоа е веќе индикатор дека нешто во државата се случува, тоа е знак дека ние полека но сигурно преоѓаме во толпа, “ вели Сулејмани.
Граѓаните ќе се мотивираат да размислуваат тогаш кога политичарите ќе ги надминат внатрепартиските интереси и ќе седнат на заедничка маса, констатираа дискутантите.
Катерина Топалова