Министерстото за одбрана го објави Решението за прием на првите 125 војници
Од моментот на објавување на конкурсот, новите професионални војници поминаа низ ригорозен процесот на селекција кој за прв пат опфаќаше и 24 дневен селективен курс ...

Како што објави министерот за одбрана, Зоран Јолевски уште на почетокот на оваа година, во текот на 2015 година ќе бидат примени нови 250 професионални војници во Армијата на Република Македонија. Денес го објавуваме решението за прием на првите 125 кандидати, со напомена дека вториот конкурс за прием на останатите 125 војници ќе биде објавен наскоро, соопштуваат од Министерството за одбрана.
Од моментот на објавување на конкурсот, новите професионални војници поминаа низ ригорозен процесот на селекција кој за прв пат опфаќаше и 24 дневен селективен курс организиран и воден од припадниците на полкот за Специјални операции.
Со ова Армијата на Република Македонија, покажува дека во своите редови ги прима само најдобрите.