Мигранти: Протести во Унгарија, блокада во Франција

02.09.2015 17:38

„Ако некого го интересира, остануваме на Келети. Ден, месец, година, цел живот, додека не се качиме на воз за Германија“, вели еден мигрант...

2.000 мигранти и денеска извикнуваат „Слобода, слобода“  на железничката станица Келети во Будимпешта, пред полицијата која ги спречува да го продолжат патувањето, иако имаат билети. На станицата Кобања- Кишпешт се судрија со силите на редот при обид да бидат ставени на воз до мигрантскиот центар во Дебрецин. Унгарија останува на ставот дека го спроведува европскиот закон за гранична контрола.

„Ако некого го интересира, остануваме на Келети. Ден, месец, година, цел живот, додека не се качиме на воз за Германија“, вели еден мигрант.

Во евротунелот под Ла Манш, стотици патници останаа заглавени цела ноќ, откако мигранти ги запоседнале пругите. 12 Сиријци се удавиле кога им потонал бродот на пат од турскиот град Бодрум кон грчкиот остров Кос, а меѓу нив имало и деца.

Додека Европската Унија подготвува механизам за автоматска распределба на бегалците меѓу земјите членки, илјадници Исланѓани понудија помош и ја притиснаа владата да прифати повеќе од 50-те мигранти на кои се согласи.