Нема активни пожари низ земјава
Пожарот кој синоќа го зафати Водно е целосно изгаснат. Нема оштетена куќа, гореше сува трева над областа Теферич...

На територијата на државава нема активни пожари. Високите температури, но повеќе поради човечката невнимателност, деновиве причини за пожари на неколку локации во државава.
Пожарот кој синоќа го зафати Водно е целосно изгаснат. Нема оштетена куќа, гореше сува трева над областа Теферич, потврдија од скопската противпожарна единица. Се испитуваат причините за пожарот.
Опожарено возило, три лица повредени, изгорени стотина хектари борова шума и сува трева, ова е билансот од огнената стихија која вчера го зафати и атарот на светиниколските села Павлешенци и Ѓуѓанци.
Пламените јазици на дел од регионалниот пат Свети Николе- Куманово предизвикаа и сообракајна незгода. Огнената стихија е локализирана. Се претпоставува дека огнот бил предизвикан од несовесни земјоделци кои палеле стрништа.
