Во октомври ќе профунцкционира новото АД Водостопанство
03.09.2015 10:29
Во октомври треба да профункционира новото акционерски друштво во државна сопственост- АД Водостопанство. Сегашните субјекти ќе функционираат како негови подружници.

Новото акционерско друштво треба да овозможи подобро менаџирање, функционирање и одржување на системите за наводнување и одводнување.
Постојните водостопанства продолжуваат да работат како подружници и тоа во: Тиквеш, Брегалница, Скопско, Прилепско, Кумановско-Липковско, Струмичко, Радовишко и Битолско Поле, Полог, Јужен Вардар и Црн Дрим.
Друштвото треба да ја спроведе и Програмата за ревитализација и изградба на нови системи за наводнување, која предвидува за десет години да се вложат 200 милиони евра или по 20 милиони годишно.
Методија Трајков
