Дел од Македонија во портокалова фаза
Граѓаните од цела држава е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури...

Во Јужно- вардарскиот регион денеска портокалова фаза. Се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината. Останатите региони ќе бидат зафатени со температури од жолта, односно алертна фаза.
Во регионот на Штип, Радовиш, Кавадарци, Демир Капија, Струмица и Гевгелија од Министерството за здравство препорачуваат да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а на градинките им се препорачува децата да не ги изнесуваат на отворено и да не практикуваат физичка активност во овој период.
Граѓаните од цела држава е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури. Во летниот период, во сите градови од 18 часот и 30 минути до 21 часот и 30 минути работат пунктови за превентивни препораки и совети.
