Втор уписен рок за идните бруцоши
Најмногу места има на техничките факултети, вкупно 802, најмалку на медицина...

На скопскиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ денеска втор уписен рок за идните бруцоши. Најмногу места има на техничките факултети, вкупно 802, најмалку на медицина.
Од техничко-технолошките науки, во државна квота, на ФЕИТ има 135 слободни места, на ФИНКИ 122 , додека на Градежниот факултет се останати 87 слободни места. Машинскиот факултет пак, во однос на останатите факултети од оваа група има вкупно 244 слободни места.
На природно-математичките науки, во државната квота има вкупно 322 слободни места. За студирање на општествените науки има 546 места.
Медицинските науки се повторно со најмногу запишани студенти во првиот рок. На општа медицина нема слободно место. На УКИМ во вториот уписен рок има места за уште 5 илјади 291 студент, 2 илјади 152 во државна, а 2 илјади 138 во приватната квота.
На Битолскиот универзитет има 3 илјади 803 места, од кои 2 илјади и 90 во државна квота, 965 со кофинансирање и 748 места за вонредни студии.
