Европратеници регираат против Самарас
Ако грчкиот премиер Антонис Самарас избегна да зборува за Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ, во расправата за извештаите за Србија и Косово, Македонија се наметна во повеќе дискусии на еврoпратениците.
„Го повикувам грчкото претседателство и грчката влада да направи се’, за да продолжи напредокот во однос на прашањето со името. Направете се што е во ваша моќ, за да нештата напредуваат, за да Скопје го земи истиот пат како Белград и Хрватска. “ вели Либор Ручек европратеник од Чешка - социјалисти и демократи.

Со слична порака и европратениците Чарлс Танок. Либералите Анеми Нејтс-Ујтеброк, Иво Вјагл и Норица Николај.
„Грчкото претседателство ќе забележи вистински успех ако и дозволи на Македонија да го започне процесот на зачленување. Грција не смее да ја пропшушти ова прилика“ рече Норица Николај-европратеничка од Романија – од партијата на Либералите и демократите.
Бернд Поселт влезе во реплика со неговиот грчки сопартиец од Народните партии Јоргос Кумуцакос кој смета дека Грција не е против интеграцијата на македонија, на што Поселт одговори:
„Ќе ме радува доколку Грција ја поттикне европската интеграција на целиот регион, а со тоа и на Македонија. Јас апелирам до грчката влада и до Советот да го реши прашањето за името уште во наредната половина година, кога Грција го има претседателството, и да се погрижи за тоа истото да не го кочи развојот“, вели Бернд Поселт европратеник Германија од Народните партии.
Како одговор, грчкиот министер за европски прашања Димитрос Куркулас само рече:
„Тоа не е на дневен ред. Но сакам да кажам дека одлуките од декември на Советот ги одразуваат позициите по овие прашања., рече Куркулас.
Инаку во Стразбур беше демантирана веста дека пред Комисијата за надворешни работи на ЕП ќе треба да зборува посредникот на ООН за името Метју Нимиц.
Македонија не е заборавена во ЕП, идната недела Комисијата за надворешни работи ќе расправа за резолуцијата на Ховит, а во февруари таа ќе се најде на пленараната сесија.
За МТВ од се јавува Тони Гламчевски, Париз, Франција