Поголема будност на граничните премини

03.09.2015 10:27

Европската унија се солидаризира со државава во соочувањето со ургентноста која ја наметнува мигрантската криза- смета државниот секретар за европски прашања во француското МНР, Арлем Дезир. Посочи дека се подготвени да и помогнат на Македонија во надминување на предизвикот, но смета дека треба и поголема будност на граничните премини...

Сите европски земји, но и Македонија која е кандидат за влез во ЕУ семејството сме погодени од мигрантската криза. Преку соработка и здружени средства, заедничка солидаризација, да им помогнем на бегалците и да се справиме со мигрантската криза, порача државниот секретар за ЕУ прашања на Франција Арлем Дезир при посетата на железничкиот премин Табановце.

Поздравувајќи ја целокупната хумана и солидарна работа што се спроведува во земјава од институциите и невладиниот сектор во помагањето на мигратнтите, посочи дека се подготвени да и помогнеме на Македонската влада за соочување со овие предизвици. Порача  зголеми и контроли на граничните премини.

„Со поголема контрола на границите нема да им се дозволи влез на одредени бегалци кои од економски причини сакаат да ја напуштат својата земја. Истите ќе бидат вратени во својата матична земја, но исто така треба да се побара од Грција поголема контрола на границита и изградба на прифатни центри за беглаците. Неопходна е помош за голем број од афричките земји, а за тоа целокупната меѓународна заедница ќе биде мобилизирана на самит којшто треба да го организираме“, изјави Арлем Дезир – државен секретар за европски прашања од МНР и меѓународен развој на Франција.

14-ти септември е значаен датум каде на заедничка масда министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ по барање на Франција и Германија ќе одлучуваат со кои мерки ќе им се помага на бегалците. На оние кои треба да им се даде политички азил да им биде даден, а за останатите да има друг третман, вели Дезир.

На состанокот ќе се бара поголема контрола на границите особено во Италија и во Грција од каде доаѓаат  бранот бегалци. Сите имаме одговорност кон мигратската криза и кон националната безбедност и заштита, потенцира државниот секретар во МВР, Анастасија Илиеска. На Македонија вели и е потребна помош од ЕУ, но не треба да се седи со скрстени раце.

„Мигрантите доаѓаат од земја членка на ЕУ. Тоа е факт пред кој не треба да останеме глуви и неми. Да станиме од масата и да одиме на терен и да се справиме со оваа криза со која што се справува цела Европа“, изјави Анастасија Илиеска – државен секретар во МВР.

По стапувањето во сила на измените на законот од 19-ти јуни досега  во Македонија  потврди за намера за поднесување барање азил добиле 55.058 мигранти. Азил  побарале 49 мина.

Во изминатото деноноќие полицијата издала потврди на 1.487 странски државјани  за намера за поднесување барање азил.

62 илјади баратели на азил имало на годишно ниво во Франција, информира Дезир. Но, биле подготвемни да примат 9 илјади мигранти. Не се согласува со другите европски земји кои одбиваат да прифата дека се засегнати од миграциската криза и не ги оправдува дигањето на ѕидови и бодликави жици.

 

Наташа Гркова- Петрушевска