Бројот на бегалци зголемен за најмалку шест пати
Бегалската криза не е проблем на Балканот, бидејќи земјите од Западен Балкан се само транзитна територија, смета Хан...

Бројот на бегалци, што стигнале до Централна и Западна Европа преку Балканот, е зголемен за најмалку шест пати од јуни, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Бегалската криза не е проблем на Балканот, бидејќи земјите од Западен Балкан се само транзитна територија, смета Хан. Потпретедателката на бугарската влада, Меглена Кунева соопшти дека бугарската влада нема да воведе вонредни мерки за справување со бегалската криза.
95 насто од бегалците кои доаѓаат во Бугарија се од Сирија, Авганистан и Ирак и тие ги исполнуваат условите за бегалски статус, а Бугарија може да се справи со моменталниот прилив на мигранти, додаде Кунева.
Во меѓувреме унгарската полиција почна да ги дислоцира во транзитни центри, мигрантите кои два дена седеа на влезот на главната железничка станица. Грчката влада очекува до 15-ти септември да добие помош од 30 милиони евра од Европската унија за справување со мигрантите.
