ЕУ ги продолжи санкциите за Русија

03.09.2015 11:21

Постои политички договор и официјалните претставници се согласија да ги продолжат санкциите на шест месеци до март следната година, изјави претставник на Унијата...

Евроската унија ги продолжи санкциите за Русија за уште шест месеци, соопшти претставник од Брисел.

Постои политички договор и официјалните претставници се согласија да ги продолжат санкциите на шест месеци до март следната година, изјави претставник на Унијата, по состанокот на дипломатите од земјите-членки.

Во меѓувреме украинскиот Совет за национална безбедност одобри нова воена доктрина со која Русија се декларира како непријател, и побара земјата да стане членка на НАТО до 2020 година.