Кина ја одбележа 70-годишнината од победата над фашизмот

03.09.2015 11:24

На свеченото дефиле во Тјанмен учествуваа повеќе од 10.000 кинески војници, а небото го надлетуваа 200 авиони...

Со голема воена парата Кина ја одбележа 70-годишнината од победата над фашизмот. На паратада присуствувале повеќе од 20 шефови на држави, меѓу нив и рускиот претседател Путин.

На свеченото дефиле во Тјанмен учествуваа повеќе од 10.000 кинески војници, а небото го надлетуваа 200 авиони.

Аналитичарите велат дека на оваа манифестација кинескиот претседател Си Џипинг имал можност да ги претстави најновите достигнувања во современото вооружување.