Николоски на состанок на Мoниторинг-комисијата во Сараево

03.09.2015 11:30

Членовите на комисијата, зад затворени врати, ќе го разгледуваат извештајот за напредокот на мониторинг-постапката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за периодот од октомври до август годинава...

Шефот на делегацијата на македонското Собрание во Парламентарната асамблеја на Советот на Европа, Александар Николоски, во својство на потпретседател, ќе учествува на состанокот на мoниторинг-комисијата што се одржува во Сараево.

Членовите на комисијата, зад затворени врати, ќе го разгледуваат извештајот за напредокот на мониторинг-постапката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за периодот од октомври до август годинава.

На состанокот ќе се разгледува и барањето за отворање мониторинг-постапка за Франција, поради, како што е наведено во предлогот, наводните прекршувања на европската конвенција за човекови права во врска со протестите предизвикани од донесувањето на законот за истополови бракови.

Според дневниот ред, предвидена е и расправа за пост- мониторинг дијалогот со Бугарија, и мониторинг- дијалогот со Украина и со Ерменија.