Денеска пресуда за сообраќајката кај ТЦ „Зебра“
03.09.2015 11:33
Обвинителството побара судот да ги цени отежнителните и олеснителните околности кои стојат на страната на обвинетиот Бојан Блажевски...

На денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд се очекува да биде соопштена пресудата за сообраќајната несреќа кај трговскиот центар „Зебра“, во која животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска-Павлоска.
Обвинителството побара судот да ги цени отежнителните и олеснителните околности кои стојат на страната на обвинетиот Бојан Блажевски.
Одбраната на обвинетиот Блажевски, пак, побара судот да земе в предвид тоа што тој е млад човек, неосудуван и што е болен од Хепатит Ц. 35 - годишниот Бојан Блажевски пред судот ја призна вината за сообраќајката, рече дека се кае и се извини за загубата.
