Издадени 2.093 потврди на мигранти
Најголем број се лица од Сирија-1.830, Авганистан – 102, Ирак-88, додека другите се во помал број.

Вкупно 2.093 потврди се издадени на странски државјани во периодот од 8 часот вчера до осум часот утрово. Од вкупниот број 1.325 се од машки пол, 259 се од женски, 341 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 168 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Најголем број се лица од Сирија-1.830, Авганистан – 102, Ирак-88, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 57.151 странски државјани, од кои 39.194 се од машки пол, 7.798 се од женски, 8.967 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.192 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-46.453, потоа Авганистан-3.156, Ирак-2.622, Пакистан-1.673, Палестина-711,Сомалија-564, Бангладеж-381, Конго-323, Нигерија-196, Камерун-159 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.
