Чуркин: Можна е резолуција за проблемите со мигрантите

03.09.2015 12:29

Како што пренесува Тас, резолуцијата што најверојатно ќе се донесе во септември се однесува пред се на мигрантите од Блискиот исток, а Чуркин верува дека со тоа ќе се олесни проблемот...

Советот за безбедност на ОН можно е во септември да усвои резолуција за проблемите со илегалните мигранти во ЕУ, најави постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин.

Како што пренесува Тас, резолуцијата што најверојатно ќе се донесе во септември се однесува пред се на мигрантите од Блискиот исток, а Чуркин верува дека со тоа ќе се олесни проблемот. Досегашното одложување на ваква резолуција од страна на Советот за безбедност на ОН беше поради очекувањата во Либија да се формира коалициска влада.

Бидејќи тоа не се случи, а бранот бегалци од таму и од другите земји на Блискиот исток се зголемува, Советот реши веќе да не чека, пренесува агенцијата РИА Новости.