Битола-реновирање на црква во курбиново

16.01.2014 18:07

Годинава ке бидат потрошени шест милиони денари за реновирање на црквата свети горгија во курбиново.во реставрацијата на овој споменик на културата,стар 8 века,ќе бидат вклучени повеќе експерти од музејот во битола  но и од други институции во земјава.
Годинава ке бидат потрошени шест милиони денари за реновирање на црквата свети горгија во курбиново.во реставрацијата на овој споменик на културата,стар 8 века,ќе бидат вклучени повеќе експерти од музејот во битола  но и од други институции во земјава.

Црквата Св. Горгија во Курбиново, која од 1952 година го носи епитетот важен духовен споменик на културата И по своите стилско ликовни и естетски вредности на фрескоживописот спага во врвните остварувања на источната христијанска култура, И годинава ке биде еден од врвние приритето во заштитата на ова наследство.           

По минатигодишните темелни исражувацки зафати од страна на Битолскиот Завод и Музеј , министерството за култура за нејзино реновирање издвои шест милиони денари.

- До крајот на годината според утврдена месецна динамика со овие средства ке се направи конструктивно зајакнување на архитектурата, ке се промени кровот и ке се исчисти И конзервира фрескоживописот реце Лилјана Христова директор на Битолскиот завод и музеј.

За експертите посебен предизвик ке биде целоснста конзервација на фрескоживопист, за кој според хемиските анализи постојат индиции дека  треба да се спроведат високоструцни методи.

- Треба да знаеме дека секој споменик на културата старее како и човечкиот организам, постојано трпи промени. НашА задача е тие измени да ги спречиме а со тоа лузните од забот на времето бидат што понезабележливи вели Ристо Палигора виш конзерватор.

Во реновирањето на еден од најзнацајните македонски црковни објекти стар осум века ке бидат вклуцени екипите на заводот и музеј од Битола а доколку биде неопходно ке бидат вклуцени и останатите експерти од замјава.

Новинар Стевче Митревски

Снимател Васко Проески