Преведувачи ќе помагаат за идентификација на мигранти

03.09.2015 13:05

Преведувачи помагаат во идентификација на мигрантите при нивното доаѓање и транзитирање низ Западен Балкан. Ќе се прави регионална база на податоци за преведувачи кои ги зборуваат ретките јазици што ги користат мигрантите. Овој меѓународен проблем не заобиколува ниту една земја во Eвропа, вклучувајќи ги и Западен Балкан и Mакедонија, смета британскиот амбасадор Гарет...

Се унифицира постапката за утврдување на идентитетот на нелегалните мигранти. Тие најчесто говорат на јазици ретки за комуникација на европско тло па се воспоставува база на преведувачи. Ќе им помагаат на полициските службеници да ги воедначат процедурите за донесување одлуки за барателите на азил. Проектот на регионалниот центар за миграции, азил и бегалци почна од мај годинава.

Нелегалната миграција е растечка закана за Западен Балкан смета амбасадорот на Обединетото кралство во земјава, Чарлс Герет.  Особено поради честата вклученост на организиран криминал во тие активности. Поради што треба  да се уништи бизнис моделот на тргоците со луѓе и да се да се спречат оние кои ги поттикнуваат луѓето масовно да ги напуштаат своите домови. Пред налетот на илјадници мигранти Герет признава дека со ваквиот проект парцијално и се помага на земјава.

Миграцијата од воените жаришта на Блискиот Исток нема на наскоро да престане. Ова би можело да придонесе за меѓународната соработка и за зголемување на капацитетите на институциите и за заштитата на правата на мигрантите.

 

Фиљана Кока