Македонски компании ќе извезуваат во Русија

03.09.2015 13:17

Можностите за извоз на македонски автохтони производи се големи во прв ред на земјоделски производи и на вино, велат од Амбасадата на Руската федерација...

Од 15 посетени производни капацитети, Руската федерална служба за фитосанитарен и ветеринарен надзор, на 4 им дала дозвола за извоз на рускиот пазар. Останатите 11 имаат рок од 60 дена да ги отстранат воочените недостатоци и да влезат во регистарот на лиценцирани извозници.

Можностите за извоз на македонски автохтони производи се големи во прв ред на земјоделски производи и на вино, велат од Амбасадата на Руската федерација.

Млекарниците најавија дека веќе се водат интензивни разговори со руските увозници  за пласман на македонско сирење и кашкавал.