Со државна помош ќе се развива живинарството
03.09.2015 13:23
Со инвестиција од 3 милиони евра во наредните 5 години се очекува зголемување на производството на бројлери за 30 проценти, а да се намали увозот на смрзнато пилешко месо...

Во наредните четири месеци Министерството за земјоделство во соработка со Светската организација за храна и земјоделство ќе изготви програма за развој на живинарските фарми и производството на свежо пилешко месо.
Со инвестиција од 3 милиони евра во наредните 5 години се очекува зголемување на производството на бројлери за 30 проценти, а да се намали увозот на смрзнато пилешко месо. Ќе се градат кланица и фабрика за јајца и за конзервирање.
