Кривична пријава поради компјутерски криминал за 20- годишен скопјанец
03.09.2015 13:26
Користел лажни платежни картички, нелегално прибавил банкарски податоци од вистински странски платежни картички...

20-годишен скопјанец заработи кривична пријава поради компјутерски криминал. Користел лажни платежни картички, нелегално прибавил банкарски податоци од вистински странски платежни картички.
Извршил и нелегална трансакција на македонска интернет страница. Нелегално набавил компјутерска опрема вредна 30 илјади денари.
