Се преврте брод со мигранти во Малезија- 13 удавени

03.09.2015 12:38

Според АПФ најверојатно на бродот се наоѓале мигранти од Индонезија. Рибарите спасиле 13 лица...

Најмалку 13 мигранти се удавиле  кога се превртел брод со стотина мигранти кај западниот брег на Малезија.

Несреќата се случила во близина на Малака во областа Сабак Барнам во најбогатиот дел на Малезија, пренесува Танјуг.

Според АПФ најверојатно на бродот се наоѓале мигранти од Индонезија. Рибарите спасиле 13 лица.

Во акцијата за спасување учествувале 12 бродови, авион и 200 спасувачи.

Се проценува дека приближно 2 милиона илегални мигранти, повеќето од Индонезија работат во Малезија.