Портокалова фаза во Вардарскиот регион, разладување наредната недела

03.09.2015 14:40

Високите температури се причина за зголемена работа на Итната медицинска служба. Бројот на интервенции на терен и во амбулантите паралелно расте. Хроничнично болните најчести пациенти...

Живата во термометарот се поближува до 40- тиот степен. Вардарскиот регион денеска е во портокалова фаза. Високите температури го диктират темпото на живот. Велешани признаваат- горештините сѐ потешко ги поднесуваат.

„За старите луѓе е многу тешко, но се прилагодуваме... Мора да се излезе, на работа, до пазар, до лекар... Ништо не нѐ изненадува, тотална промена на климата, мора да се прилагодуваме...“, велат велешани.

Високите температури се причина за зголемена работа на Итната медицинска служба. Бројот на интервенции на терен и во амбулантите паралелно расте. Хроничнично болните најчести пациенти.

„Препораките се во најжешките периоди од денот да се задржуваат на ладни места, дома да бидат ако немаат потреба да излегуваат, да се разладуваат, да носат светла облека, редовно да ја земаат терапијата“, вели Алмедина Хајдарпашиќ, лекар.

Разладување, синоптичарите најавуваат за наредната недела.

 

Дијана Иванова