Новите законски решенија претставени на војниците во Штип
Вработување во одредени државни институции е конечното решение за статусот на професионалните војници по навршување на 45-та година. Предлог законот со огромно задоволство е прифатен од страна на припадниците на армијата, бидејќи, со тоа што ќе им се реши досега неизвесната иднина, се подобрува и иднината на нивните семејства.

Средбата со професионалните војници кои се наоѓаат во касарна Јане Сандански за заменик министерот за одбрана Емил Димитриев е од големо значење билејќи освен што им беа пренесени конкретните мерки, беше разговарано и за евентуални негативни последици, кои впрочем, не се очекуваат.
Освен тоа, владата на република македонија размислува и за зголемување на платите на професионалните војници, и секако, со санирање на одредени објекти, за обезбедување подобри услови за работа.
Она што ќе следува е постигнување на бараните професионални стандарди за и во иднина македонската армија да ги добива највисоките признанија.
Новинар: Биљана Постолова
Снимател : Златко Џонов