Т-Хоум и Т-Мобиле згаснуваат, Телеком ќе нуди услуги под еден бренд
Брендовите Т- Хоум и Т- Мобиле згаснуваат, од денеска, под еден бренд Телеком ќе го нудат целото портфолио услуги. Отпуштања на вработени и поскапувања на услугите нема да има – уверува менаџментот на компанијата која досега има инвестирано над 730 милиони евра...

Т- Хоум и Т- Мобиле згаснуваат. Од овој месец под капата на еден бренд „Телеком“, најголемиот телекомуникациски оператор ќе го нуди целото портфолио телекомуникациски услуги. Новиот концепт ги обединува мобилната и фиксната, телевизијата и интернет технологијата. Отпуштања на вработени нема да има. Спојувањето ќе донесе фер цени и подобри услуги, вели првиот човек на компанијата.
„Она што треба да го направиме е да понудиме повеќе услуги, повеќе пакети, а за нив корисникот треба да плаќа фер цена и да се насочиме кон се поголем квалитет на услугата. Корисниците не треба да очекуваат зголемување на цените. Немаме никакви планови за масовно отпуштање луѓе. Треба да се унифицира оперативната работа, што беше направено дури и претходно. Менаџментот е веќе унифициран, спојувањето нема да придонесе за отпуштање нови вработени. Вообичаени трансформации ќе бидат направени“, вели Андреас Маерхофер, главен изврешен директор на Македонски Телеком.
Стеснувањето на конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар нема да ги зголеми цените, ќе ја зајакне статегијата за подобри понуди и услуги кон приватните и деловни корисници.
Според манеџментот, со спојувањето на ВИП и ОНЕ, Телеком добива посилна конкуренцијата со приближни пазарни удели, што може и позитвино да се одрази на корисниците бидејќи кој ќе ги зголеми цените- ќе изгуби. Намалените приходи во говорните услуги, Телеком очекува да ги надомести во портфолиото податочни.
Досега најголемиот телкомуникациски оператор во земјава има инвестирано 730 милиони евра, за годинава планирани се 37,5 милиони.
Сузана Фиданска- Стоевска, специјален известувач од Берлин за МРТ
