Јапонија: Почна контроверзниот лов на делфини

03.09.2015 15:10

Рибарите испловиле од заливот во Тајџи во префектурата Вакајама со два дена задоцнување поради лошото време...

Првиот контроверзен лов на делфини годинава почна во Јапонија кога роболовците испловиле и покрај протестите со кои луѓето ги повикувале да се откажат.

Рибарите испловиле од заливот во Тајџи во префектурата Вакајама со два дена задоцнување поради лошото време, но се вратиле со празни раце, пренесува новинската агенција Кјодо.