Инфраструктурни проекти како потреба
Асфалтирање на улици, изградба на канализациона мрежа, реконструкција на училишта. Жителите на Ново Село, Волково и Хром бараат подобри услови за живот. Премиерот Груевски ги слушна нивните потреби. Им вети реализација на инфраструктурните проекти. Досега се реконстурирани 350, а се изградени 74 нови училишта...

Изградба на канализационен систем, асфалтирање на неколку улици, реновирање на училишта -жителите на Волково, Ново Село, Хром, Шишево, Љубин, Сарај проблемите со кои се соочуваат му ги кажаа на премиерот Груевски. На лице место се сумираа информации и се договараа решенија. Премиерот побара од градоначалниците и од министерот за транспорт и врски да разгледаат можности за финансиски средства за решавање на проблемите. На наредна владина седница ќе се разгледаат.
Изградба на тротоари, на неколку улици и надградба на училишниот објект се главните проблеми пак, на жителите од Ново Село.
Груевски најави координиран состанок со тимот кој го придружува на терен. Ќе се разгледуваат досега сумираните поплаки, барања и информации од граѓаните и до каде се со реализација на истите.
Премиерот Груевски направи увид и во градежните активности за реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Димитар Поп Георгиев- Беровски“ во населбата Хром. За објектот се инвестирани 27, 5 милиони денари.
Во селото Сарај се гради ново средно училиште. 700 средношколци од овој регион до крајот на годинава ќе може да учат во новата зграда. Нема да мора повеќе да патуваат. За него се одвоени 32 милиона денари. Досега се реконстурирани 350, а се изградени 74 нови училишта.
Наташа Гркова- Петрушевска
