Пожари околу Киев, затворени училишта
Здравствените власти соопштија дека нивото на загаденост на воздухот среде топлотниот бран и пожарите е на опасно ниво...

Градските власти во Киев ја откажаа наставата во училиштата поради големата жештина која во околината на главниот град предизвика и пожари. Украинската престолнина од изутрината е обвиена со црн чад од поажрите кои зафатија област околу градот.
Здравствените власти соопштија дека нивото на загаденост на воздухот среде топлотниот бран и пожарите е на опасно ниво, поради што градската управа ги повика граѓаните да користат јавен превоз и да го ограничат сообраќајот во градот.
Во Киев на 1 септември беа измерени рекордни 35, 5 целзиусови степени, а количеството дожд што падна во август изнесуваше само 4 проценти од просечните врнежи.
