Тур-операторот „Томас Кук“ почнува со работа во Македонија

04.09.2015 10:14

На прес-конференција во Скопје, Феликс Хортолами, менаџер за склучување договори на компанијата „Томас Кук“ за Белгија, ќе соопшти повеќе детали околу влегувањето на овој глобален бренд во носењето туристи во земјава...

Уште еден светски туроператорски бренд почнува да работи во земјава. На прес-конференција во Скопје, Феликс Хортолами, менаџер за склучување договори  на компанијата „Томас Кук“ за Белгија, ќе соопшти повеќе детали околу влегувањето на овој глобален бренд во носењето туристи во земјава.

Заедно со него на конференцијата ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот,  Кристијан Џамбазовски.