Развој на услужни дејности во селата со помош на ИПАРД
04.09.2015 10:06
Парите од европскиот ИПАРД фонд освен за земјоделството можат да се користат и за услужни дејности во селата. Крајниот рок за пријавување е до 15 септември...

Сервиси за поправка на машини и превозни средства, трговија со мотоцикли, услуги на доставување на храна и згрижување на деца, се само дел од услужните дејности за кои може да се побараат пари од европскиот фонд.
Скоро се што им е потребно на жителите на село, а не е поврзано со земјоделството може да се финансира од ИПАРД.
За овие инвестиции освен занаетчиите можат да конкурираат и задругите и малите претпријатија.
Висина на прифатливите трошоци е од 3.000 до 450.000 евра.
Методија Трајков
