Прва победа, втор круг!
Ветија и исполнија. Македонските ракометари ја совладаа Австрија со 21-20 и се пласираа во вториот круг од Европското првенство во Данска. Борко Ристовски со 18 одбрани и Кире Лазаров со осум гола ја носеа Македонија кон место меѓу најдобрите 12 на шампионатот.

Ветија и исполнија. Македонските ракометари ја совладаа Австрија со 21-20 и се пласираа во вториот круг од Европското првенство во Данска. Борко Ристовски со 18 одбрани и Кире Лазаров со осум гола ја носеа Македонија кон место меѓу најдобрите 12 на шампионатот. Најважниот погодок капитенот го постигна во последниот напад кога го постави конечниот резултат.
Сепак, цела репрезентација одигра на повисоко ниво отколку во ремито со Чешка и во поразот од Данска. Не дозволувавме контри, нападот беше поразновиден, па Стоилов и Ангеловски дадоа по три, Манасков и Миркуловски по два, а Георгиевски и Пецаковски по еден гол. Резултат - нашиот национален тим повторно е во елитната 12-ка на европските првенства.
