Попоски во Луксембург на состанок на ЕУ за мигрантската криза
Како што соопшти МНР, дискусиите на состанокот, кој почна вчера, се фокусирани на актуелната миграциска криза, која потекнува од земјите од јужното соседство на ЕУ, како и нејзиното менаџирање...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и неговиот колега од Луксембург Жан Аселборн, денеска во Луксембург, ќе учествува на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство - Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
Како што соопшти МНР, дискусиите на состанокот, кој почна вчера, се фокусирани на актуелната миграциска криза, која потекнува од земјите од јужното соседство на ЕУ, како и нејзиното менаџирање од страна на земјите-кандидати кои се соочени со масовен наплив на илегални мигранти.
На маргините на состанокот, предвидено е министерот Попоски да оствари билатерални средби со своите колеги од земјите-членки на ЕУ.
